Фестивалот Secret Solstice најави журка во внатрешноста на вулкан

Фестивалот Secret Solstice, кој годинава ќе се одржува од 17-19 јуни најави одлична журка во внатрешноста на вулканот Трихнукагигур во Исланд.

По минатогодишната журка, која се одржа 520 метри под површината на вториот најголем глечер во Европа, Ватнајекул, годинава главниот настан ќе се одвива на 18 јуни, 122 метри во вулканот. Меѓутоа, како што појаснуваат организаторите, на перформансот ќе може да присуствуваат само 20 луѓе.

Цената за ова доживување е висока, односно, билетот за влез, превозот со хеликоптер од Рејккјавик, пијалак и ВИП влезница за фестивалот ќе чини 1758 евра.

„Ќе кажам само дека тоа ќе биде акустичен перформанс што ќе го изведе многу познато име, а на нашите гости им ветуваме дека ќе бидат импресионирани кога ќе дознаат кое е тоа име“, рече директорот на фестивалот Фред Олафсон.

Организаторите нагласија дека вулканот е во мирување, последен пат имал ерупција пред 4000 години.