Дводневен фестивал за тетовирање во Скопје

Во Скопје на 26 и 27 август ќе се одржи фестивалот „Skopje Tattoo Show 2023“ каде присутните ќе може да се „дружат“ со неколку уметности истовремено.

„Настанот е од компетитивен карактер. Двата дена ќе бидат преполни со натпревари и на самиот крај од деновите ќе се доделат награди за најдобрите тетоважи во повеќе различни категории“, се вели во најавата.

На настанот ќе присуствуваат домашни и странски тату артисти.

Покрај тетовирање, како што информира организаторот, на фестивалот ќе настапат бендот „Shugarfree“, DJ Goce i DJ Strajk, а ќе има и танцов перформанс. Тие два дена ќе биде отворена изложба на Михаел Корубин, а Ивана Хаџиванова ќе одржи дискусија на тема „Под површината – Психологијата и подлабокото значење на телесната уметност”.

Во склоп на дводвенвниот настан ќе има и други работилници и дискусии, со кои како што пишува во најавата, ќе има можност за вмрежување и разговор за минатото и иднината на индустријата за тетовирање.