[Фото] Заврши 21. издание на младинскиот фестивал „Битола отворен град“

Изминативе денови во Младинскиот културен центар во Битола се одржа 21. издание на култниот фестивал за млади, „Битола отворен град“.

Четирите фестивалски денови, како што велат од организацијата, беа пополнети со богата програма, настап на музички артисти од електронската сцена, одржани две промоции на книги, „ВО ДИЈАЛОГ, Визуелна и применета ликовна програма на КСП Центар-Јадро (2020-2021)“ и монографијатата: „МИЗАР Откровенија 1981-2021″ на Тошо Филиповски. На Широк Сокак беше организирана „Берза на винили“, а фестивалот заврши во градскиот парк со голем концерт на македонскиот бенд „ВЕЛ“, грчкиот „BAiLDSA“ и бендот @Helem Nejse“ од Босна и Херцеговина.

„Радост е да се мотивираат луѓето кои сакаат музика, уметност … и воопшто култура да се активираат во фестивал кој според нас е општествен процес. Процес во кој на симболичен начин спојуваме различни генерации кои поминале и креативни, но и бавни години во општествени промени на ова тло, а оваа година одлучивме после 20 години постоење, целосно да се свртиме кон иднината посветувајќи го фестивалот на новата генерација GenZ како популарно се нарекува и тоа беше вистински погодок, нова енергија, нови идеи и еден нов ветер на младински активизам кој ако пред неколку години тврдевме дека е во криза, сега напротив е во една нова поинаква и убава димензија”, вели Сашо Додовски извршен директор на МКЦ Битола.

 

Фото: МКЦ Битола