Државен студентски дом: Дефектот во „Кузман“ саниран, порталите пишуваат невистини дека нема струја

Државниот студентски дом – Скопје реагира на прилозите објавени на интернет портали, во кои, велат биле изнесени невистинити информации за состојбите со обезбедувањето на топлинска и електрична енергија во студентските домови. Реакцијата ја пренесуваме интегрално.

Би сакале да информираме во сите три државни студентски домови, системите за парно греење тековно се одржуваат и функционираат без проблем, а јачината на топлината е идентична како и во сите други објекти во градот кои се поврзани на централната мрежа. Секако, во услови на екстремно ниски температури на студентите им е дозволено да вклучуваат и дополнителни грејни тела.

Исто така, непречено се одвива и дистрибуцијата на електричната енергија. Иако,  дефектот кој како резултат на ниските температури во настана во мрежата на ЕВН околу студентскиот дом “Кузман Јосифовски – Питу“, во текот на вчерашниот ден е саниран, за што ја информиравме јавноста, сепак за двата портали денес не постои пречка за повторно објавување невистини.
Уште еднаш, апелираме да престанат континуираните напади и обиди за дискредитација на работата на Државниот студентски дом – Скопје, затоа што континуирана е нашата грижа кон студентите и објектите во кои тие се сместени и престојуваат, во текот на целата година“.
Од студентските домови претходно јавија дека поради ниските температури завчера настанал дефект во мрежата на ЕВН и прекин на дистрибуцијата до еден дел од студентскиот дом “Кузман Јосифовски – Питу“, за што студентите корисници на нашите услуги биле информирани, исто како и медиумите кои се обратија до нив за информација. Веднаш биле известени стручните служби, кои работеле деноноќно и состојбата е нормализирана.