„Црн бран“, симфониски концерт со рускиот пијанист Евгениј Корољов

Македонската филхармонија го најави симфонискиот концерт „Црн бран“, кој ќе се одржи вечерва (10 март), во Домот на АРМ.

Под палката на маестро Јануш Пшибилски од Полска, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го изведе култното дело „City Noir“ од современикот Џон Адамс. Како солист оваа вечер, ќе се претстави познатиот руски пијанист Евгениј Корољов, кој ќе го изведе најдобриот Концерт за пијано и оркестар од В.А. Моцарт, во c-moll KV 491.

На концертот „Црн бран“ ќе биде изведено и делото „Молитвами…“ од Гоце Коларовски, со што ќе се одбележат десет години од прераната смрт на македонскиот истакнат композитор.