Чеченија забрани музика со темпо над 116 битови во минута

Чеченија воведе ограничување на музичките темпа, пишува „Resident advisor“.

„Од сега па натаму сите музички, вокални и кореографски дела треба да се усогласат на темпо од 80 до 116 битови во минута (BPM)“, соопшти чеченското министерство за култура.

Забраната значи дека повеќето форми на денс музика ќе бидат ефективно забранети од Руската република.

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров му наложил на министерот Муса Дадајев да ја направи чеченската музика „соодветна на чеченскиот менталитет“, пишува во соопштението од Министерството за култура.

„Недозволивo е да се позајмува музичка култура од други народи“, изјави Дадајев.

На локалните уметници сега им е наредено да ја „препишат“ својата музика до 1 јуни за да се приспособат на промените.