Маршовски концерт на Градскиот дувачки оркестар по повод 8-ми март

По повод 8-ми март – Меѓународниот ден на жената, Градскиот дувачки оркестар денеска со почеток од 17 часот ќе одржи параден/маршовски концерт во центарот на Скопје, соопштија од МКЦ.

Маршутата на движење ќе се одвива од споменикот на бикот на улица „Македонија“ кон Плоштад „Македонија“.