Предновогодишен концерт на Градски дувачки оркестар во МКЦ

Градскиот дувачки оркестар традиционално го приредува бесплатниот предновогодишен концерт, кој ќе се одржи во Младинскиот културен центар денес, на 16 декември во салата „25 Мај“.

Со почеток во 19 часот, во склоп на програмата на концертот, ќе бидат изведени 13 мелодии меѓу кои и „What a wonderful World“, „Љуби ме и главата горе“, „Sway“, „Џипси сонг“, „New York, New York“, како и „Радецки марш“ од Јохан Штраус.

Влезот на концертот е бесплатен, но претходно треба да се подигне протоколарен билет од билетарницата на МКЦ.

На иницијатива на Град Скопје и Младинскиот културен центар во март 2006 година се формираше Градски дувачки оркестар, а во оркестарот членуваат 29 професионални музичари и студенти на Факултетот за Музичка уметност. Репертоарот на оркестарот е богат и разновиден, се изведуваат дела од сите жанрови.

Оркестарот од самиот почеток па се’ до денес има настапувано на сите манифестации во градот Скопје и другите градови во Републиката.

Организаторите известуваат дека настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид протоколи.