„Zhurkaq“ оваа сабота ја организира својата прва техно забава

Заедницата на музичари „Zhurkaq“ оваа сабота (15 јуни) во Градскиот парк  организира техно забава со четири артисти од Македонија и еден од Косово.

„Целта и визијата на заедницата ‘Zhurkaq’ е да создаде континуирана традиција на техно музички настани во Македонија. Со доведување на најдобрите уметници во жанрот и обезбедување на извонредна атмосфера, организаторите имаат за цел да изградат силна и домаќинска заедница каде сите ќе се чувствуваат добро и ќе сакаат да придонесат на свој начин“, велат од здружението на музичари.

Првиот настан го организираат во близина на фонтана во Градски парк, место за кое од „Zhurkaq“ велат дека има просторна природна средина што дополнително ќе придонесе за ефектот на забавата.

Од заедницата која никна во Скопје велат дека имаат за цел развој на културата и промовирање на млади уметници во музичката сцена на Македонија, со посебен фокус на техно музичкиот жанр. Оттаму во следниот период планираат различни музички настани, со главна цел да создаде техно музички фестивал, кој, како што велат, ќе биде првиот во Скопје опкружен само со звуците на електронската музика.