Слушачка промоција на првиот албум на бендот „Red18“ во сабота

Бендот „Red18“ најавува слушачка промоција на нивниот прв албум, „Red18’s Grit“ во сабота (3 декември) во „Woodstock Beer Bar“.

„Ние сме нов бенд од Скопје. Најважно за нас е да не се ограничуваме жанровски, само да создаваме музика што вие (нашите потенцијални фанови) ќе ја обожавате“, велат од „Red18“.

Скопскиот бенд неодамна ја објави своја прва песна со спот „Kingdom of Lies“, а албумот „Red18’s Grit“ е достапен за слушање на платформите Јутујб и Спотифај.

Слушачката промоција ќе започне во 21:00 часот, а од бендот најавуваат дека тогаш ќе може да се купат маички и стикери со логото на бендот. Гостин на промоцијата ќе биде соло проектот „Димиш“ на тапанарот на бендот Иван Димишков – Димиш.