Слушачка промоција на албумот „Pinhead“ од „Corrosion“ утре во Буква

Младинското здружение „Култура Бета“ во рамки на програмата „Октомври со ‘Corrosion’“ викендов организира слушачка промоција со бендот за нивниот деби албум „Pinhead“.

Слушачката дружба, информираат од здружението, ќе се одржи утре (сабота) со почеток во 20:00 часот во кафе-книжарницата „Буква“.

„Музика и пијачки и дружење со пријателите од бендот и го слушаме нивниот нов албум“, велат од „Култура Бета“.

Во албумот на ноиз поп бендот „Corrosion“ свират Андреј Сивески – гитара и вокали, Виктор Стојчески – тапани, Божидар Димовски и Раде Биковски – бас, а Ивица Јанкуловски – вокал на „Папагало на Вико“.