Македонскиот баритон Давор Неќак на Европскиот музички натпревар „Томас Кути“

Нашиот млад баритон Давор Неќак ќе се натпреварува на Европскиот Лајонс музички натпревар „Томас Кути“. Натпреварот ќе се одржи во рамките на Лајонс Европа Форум 2022 во Загреб од 27 до 29 октомври.

Европскиот Лајонс натпревар „Томас Кути“ се одржува со цел да се поддржат младите музички таленти од Европа. Се натпреваруваат кандидати до 26 години и секоја земја предлага еден претставник.

Оваа година младите музички таленти се натпреваруваат по дисциплината глас.

Натпреварот ќе се реализира на Музичката академија во Загреб и завршниот концерт ќе се реализира на затворањето на Форумот. Жири комисијата е интернационална и се состои од истакнати професори.

Давор Неќак е роден е во Битола, а солист e на операта во Риека во Хрватска, Дипломира на Музичката академија во Загреб во класата на Влатка Оршаниќ. Дебитира во Загребската операво улогата на Моралес во Кармен.Има изведувано значајни улоги во продукција на Хрватсиот народен театар, Загребската филхармонија, Хрватско народно казалиште и Музичката академија во Загреб.

Добитник е на наградата „Ватрослав Лисински“, која ја доделува Хрватското друштво на композиторите за придонес кон хрватското музичко творештво, освојува 1-ва награда на меѓународниот натпревар во Словачка, Трнава – „Микулас Шнајдер Трнавски“ и е номиниран е за Хрватската актерско-оперска награда во категоријата „исклучително оперско достигнување за млади уметници до 30 години“. Неќак е добитник на посебна награда на натпреварот ЗИНКА МИЛАНОВ, доделена од Љубљанската опера.

Натпреварувањето на Неќак е поддржано од македонскиот Лајонс Дистрикт 132 и Гувернерот Гоце Бурзевски. Национален координатор е виолинистката Пламенка Трајковска.