„Бегалци и книги“ на градскиот плоштад во Куманово

Во организација на Центарот за интеркултурен дијалог и волонтерите, вечерва на градскиот плоштад во Куманово, ќе се одржи настанот „Бегалци и книги“.

Во периодот од 17 до 20 часот, кумановци ќе може да погледнат мала изложба од фотографии кои ги фотографираа деца од бегалскиот камп на Табановце. Исто така ќе биде отворена можност за донирање книги на арапски или англиски јазик (книги на останатите јазици се исто така добредојдени),а присутните ќе може да ги споделат своите мислења за бегалската криза и да испратат своја порака до јавноста.

Настанот е дел од активностите на проектот Волонтирање за вклученост и толеранција, дел од програмата Еразмус + и е поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилности, а финансиран од Европската комисија.