Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

 

1. [Став] Медиумите и лицата со атипичен развој

Владо Крстовски, програмски менаџер на Репубичкиот центар за поддршка на лица со попреченост „Порака“, во една неодамнешна емисија ми даде фина потсетување за нашата, медиумска улога. Дека успех на спортист со атипичен развој треба да биде ставен во спортска рубрика. Дека претстава на инклузивна театарска трупа треба да биде ставена во културна рубрика. Не треба да бидат ставени во социјала. Таму, во тој кош, некако по дифолт влегуваат лицата со атипичен развој. Исто така и во специјализирани емисии што се прават исклучиво за лицата со атипичен развој, кои ретко ги гледа некој освен самите тие лица и нивните семејства и пријатели.