[Видео] Нова тура боја врз Триумфална, обоени и камерите на неа

Со „пиштоли“ со боја демонстрантите повторно ја обоија Триумфалната порта во Скопје.

Денеска обоени беа и камерите кои ги снимаат сите кои демонстрираат, но и поминуваат покрај портата.

Демонстрантите од Шарената револуција и денеска тргнаа од СЈО, по што продолжија кон Собранието. Овде на разглас се пуштаат опозициските бомби. Фокусот на денешниот протест е ставен на пораките против фашизмот по повод 9 мај.

Демонстрациите траат веќе петта недела, а речиси без прекин, секој ден во 18 часот се излегува на улица со барање за укинување на аболицијата и остакка на претседателот Иванов, но и за одложување на изборите од 5 јуни.