[Фото] Антифашистички пароли и развеани знамиња – Протестирам се движи Собрание

Со развиорени знамиња и транспаренти на кои има пораки против фашизмот, но и познатото скандирање „Нема правда , нема мир“ и „Антифашизам“, голем број граѓани и денеска се собраа пред канцелариите на СЈО во Скопје.

Денеска, движењето ‎Протестирам упати порака дека се излегува на улица за никогаш повеќе да не се случи полицајците да бидат жртвени јагниња на режимот, како во Куманово минатата година.

Од СЈО демонстрантите се упатија кон Собранито на РМ.

Понатамошната рута се уште не е објавена, јавува репортерката на Радио МОФ.

13152765_123236678084708_2076366391_n

Освен во Скопје, протести има и во Кичево, Штип, Берово, Крива Паланка, Велес,Кавадарци, Струмица,Прилеп и Битола.

Во Скопје пак, истовремено со протестот на Протестирам, пред Влада се одвива со мотото „Ден Д: Правда, Достоинство, демократија“, од албанскиот Опозициски совет кој го сочинуваат Беса и неколку други опозициски политички партии.  Тие велат дека овој протест е против анти-албанскиот режим ВМРО-ДУИ и дека се за европските вредности, за европска интеграција, правда,достоинство и демократија. Протестот како што беше најавено е албански, со знамињата и симболите кои се национални, без никакви партиски знамиња.