#НеСеДише

И пред почетокот на оваа зима во Скопје, Тетово и повеќе градови низ земјава #НеСеДише, посебно во вечерните часови. Под овој хаштаг, Радио МОФ ќе ги објавува сите текстови поврзани за загадувањето на воздухот во периодот што следува, а во соработка со „Мој воздух“ загадувањето директно ќе може да се следи  и на сајтот на Радио МОФ. Следете не!

27 јануари

ГЛАСАЈТЕ ЗА НАЈДОБРАТА ИНСТАГРАМ ОБЈАВА ОД АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

21 јануари

ИЗЛЕЗИ ЗА ВОЗДУХ: НАДЛЕЖНИТЕ НЕ ПРЕЗЕМААТ МЕРКИ, ЌЕ ИМА ГРАЃАНСКИ АКЦИИ

Здружените иницијативи „Излези за воздух“ најавија нови граѓански акции поради тоа што надлежните ги пробија сите рокови за преземање мерки за намалување на аерозагадувањето…

13 јануари

ИЗАИРИ НЕ ВЕРУВА ВО „МОЈ ВОЗДУХ“, ЈОВАНОВСКИ ГРЕШКАТА ЈА НАОЃА ВО МИНИСТЕРСТВОТО

Мобилната апликација „Мој воздух“ со која граѓаните можат да се информираат за тоа каков воздух дишат во даден момент, според министерот за животна средина Нурхан Изаири не дава точни информации. Тој смета дека граѓаните треба да се информираат од страницата на Министерството, бидејќи таму биле прикажани податоците според пропишаните регулативи…

8 јануари

ЈОВАНОВСКИ: „МОЈ ВОЗДУХ“ СТАНА ТРН ВО НЕЧИЕ ОКО ПО ПРОТЕСТОТ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО

„Верувам дека после протестот во Скопје, МојВоздух стана неподнослив трн во нечие око. Ноќтта помеѓу 03.01 и 04.01, серверите на МојВоздух станаа цел на напад за оневозможување (DDoS). Од нормалните ~200.000 пристапувања на секој саат, нагло се накачија на повеќе од 9.000.000…“

6 јануари

ЕНОРМНО АЕРОЗАГАДУВАЊЕ ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ И ТЕТОВО

Загадувањето на воздухот во Скопје и Тетово е повторно неколку пати над дозволеното, откако изминатите неколку дена имаше привременото намалување на концентрацијата на РМ10 честички поради врнежите на снег.

 

29 декември

[ИНТЕРВЈУ] Д-Р ДРАГАН ЃОРЃЕВ: МАСКИТЕ НЕ ШТИТАТ ЦЕЛОСНО, ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН СМОГ

Прашината во воздухот во повеќе македонски градови достигнува алармантни вредности. Во отсуство на конкретни институционални мерки, маката ги тера луѓето да бараат излез со седење дома или купување разни заштитни маски за движење надвор. Меѓутоа, д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје, за Радио МОФ вели дека не секоја маска е корисна против загадениот воздух. Тој препорачува да се внимава пред луѓето да си си го испразнат џебот на нешто што нема да ги заштити. Според него, важно е граѓаните да сфатат дека секојдневно, и надвор и внатре, се изложени на токсичниот смог…

28 декември

[ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО] ГРАЃАНИТЕ ПРЕД ВЛАДА: СОПРЕТЕ ГО ЗАГАДУВАЊЕТО, А НЕ НАШЕТО ДИШЕЊЕ

ПРОТЕСТ ЗА ВОЗДУХ ПРЕД ВЛАДА: ИТНИ МЕРКИ ДО 15 ЈАНУАРИ ИЛИ БЛОКАДИ ВО ЗАГАДЕНИТЕ ГРАДОВИ

Со транспаренти во рацете и заштитни маски на лицето голем број граѓани вечерва се собраа пред Владата за да побараат итни и конкретни мерки против енормното аерозагадување…

25 декември

МИНИСТЕРСТВОТО ПРЕПОРАЧУВА МЕРКИ, СЕ ОЧЕКУВА УШТЕ ПОЗАГАДЕН ВОЗДУХ

„Овие мерки ги предлагаме врз основа на мерењата на Институтот за хидрометеорологија кои покажуваат дека следните десет дена ќе бидат полоши за сите нас, така што овие мерки ќе треба да ги спроведеме“, рече министерот Нурхан Изаирина денешната прес-конференција.

ГРАЃАНИТЕ ПОВИКАА НА МАСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ НА ПРОТЕСТОТ ПРЕД ВЛАДА ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ

Разочарани бидејќи во 21 век треба да се чека на дождот и ветрот да го исчистат воздухот, повеќе од 20 граѓански организации, движења и иницијативи повикуваат на масовен протест во понеделник пред Владата. Организаторите најавија дека својот револт и страв од алармантното загадување ќе ги изразат пред најодговорните за состојбата, како и дека ќе повикаат проблемот да биде сфатен најсериозно.

 

24 декември

„ЈУГОХРОМ“ ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО ГИ ГАСИ ПЕЧКИТЕ ДО КРАЈОТ НА ФЕВРУАРИ

„Имајќи слух за моменталната ситуација со загадувањето во Тетово, иако менаџментот на фабриката е на ставот дека „Југохром“ во стечај не е единствениот, а уште помалку најголемиот загадувач во регионот, донесе одлука за доброволно исклучување на двете печки кои се во функција, односно целосно затворање на производствениот капацитет. Прекинувањето на производството ќе трае од 31 декември до крајот на февруари следната година, кога, впрочем, и меторолошките услови најмногу влијаат на загадувањето на воздухот“, се вели во соопштението на компанијата…

23 декември

ИЗЛЕЗИ ЗА ВОЗДУХ! – ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДА ВО ПОНЕДЕЛНИК

Во понеделник (28 декември) во 17 часот е најавен голем протест против загадениот воздух кој ќе се одржи пред Владата на Република Македонија…

22 декември

ЖИТЕЛИ НА ДЕБАР МААЛО: НАСЕЛБАТА ЌЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПАРКИНГ, ВЕДНАШ ДА СЕ ПОВЛЕЧE ПЛАНОТ

„Ваквите решенија уште повеќе ја деградираат животната средина, но и исклучително го намалуваат квалитетот на живеење – слаба струја и вода, непристапност за прва помош и пожарна, недостиг на јавни површини, на чист воздух, недостиг на паркинг простор и зголемена загрозеност на пешаците, децата, велосипедистите, недостиг на зелени површини и на игралишта за деца. Од крај во кој се живееше пристојно, Дебар Маало, најстарото урбано градско јадро од десната страна на Вардар, се претвора во супстандардна населба, каде вредноста на имотот веќе паѓа“, вели Карбевска.

20 декември

[ФОТО] ДОСТА НИ СЕ СТАТИСТИКИ, ЧИСТ ВОЗДУХ СЕГА – СКОПЈАНИ ПРОТЕСТИРААТ ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО

19 декември

[СТАВ] ЖИВОТОТ НА СРЕДНОШКОЛЕЦ ВО ТЕТОВО – НИТУ КОМЕДИЈА, НИТУ ТРАГЕДИЈА

Последниве денови, односно последниов период, во Тетово се шири навидум некаква прогресивна енергија, чии цели и надежи се позитивни промени во градот. Причината е веќе добро позната: големото загадување на воздухот. Во текот на на минатата работна недела, се случија два протеста во градот. Тоа е добар знак. Јас, како средношколец, мислам дека е правилно да се задржам за темата поврзана со реакциите околу овој проблем од страна на младите, односно вклучувањето на младите во борбата против загадувањето.

18 декември

МЕРАЧИТЕ ЗА ВОЗДУХ ФУНКЦИОНИРААТ ПО СИСТЕМ „ВКЛУЧИ-ИСКЛУЧИ“

Во 82 општини во Република Македонија има само 17 мерни станици кои се користат за мерење на квалитетот на воздухот. Од нив, три воопшто не функционирале во првите девет месеци оваа година. Останатите пак, не работеле голем дел од овој период, а вината и одговорноста за тоа институциите си ја префрлаат меѓусебе…

[ФОТО] ИЛЈАДНИЦИ ГРАЃАНИ НА ПРОТЕСТ ЗА ВОЗДУХ ВО ТЕТОВО

17 декември

[СТАВ] ЗА ЈУГОХРОМ, ЗА КРИТИЧНАТА МАСА ВО ТЕТОВО И ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО – ЗА ТЕТОВСКИТЕ РАБОТИ

Последно нешто до кое стигаме е #ТетовоНаТочак или Критична Маса. Тука го имате Тетово со сета негова “убавина” од луѓе кои седат на кафе и со потсмев и иронија прашуваат: а бе, #ТетовоНаТочак, кај ви се точаците?

[ГАЛЕРИЈА] МАСОВЕН ПРОТЕСТ ВО ТЕТОВО ПОРАДИ ПРЕЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

Голем број граѓани и ученици излегоа на протест против загадувањето во Тетово. Тие се собраа на плоштадот и продолжија со блокади на неколку локации во градот…

ПРОТЕСТ ВО НЕДЕЛА: СТОП ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ

16 декември 2015

ПРЕКИНАТА НАСТАВАТА ВО ТЕТОВО ПОРАДИ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО – ПРОТЕСТ ЗА ВОЗДУХ ВО ПЕТОК

Општина Тетово одлучи да ја прекине наставата во градинките, основните и средните училишта поради енормното загадување на воздухот. Според одлуката, која беше донесена по бојкотот и протест на дел од учениците,  наставате нема да се одржува до крај на полугодието.

13 декември

БИТОЛЧАНИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТЕН СОБИР ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ 

„Како да останеме исти после толку загубени животи? Пред еден месец ми дијагностицираа Хочкинов лимфом, лани почина татко ми, па сопругата на мојот другар, па мој пријател. Значи три генерации. За мојата болест, докторите велат дека сум претрпел стресови, сум јадел нездрава храна, сум дишел нечист воздух. Во која земја сум ја јадел таа храна, каде сум го дишел тој загаден воздух? Ова не е мојот град, ова не е мојата Македонија“, зборуваше Александар на синоќешниот собир…

 

13 декември

[ФОТО] ИСЕЧЕНИ ДРВЈАТА ПРЕД УКИМ ПОРАДИ НОВИТЕ БАРОКНИ ФАКУЛТЕТИ

9 декември 2015

ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ: СОСТОЈБАТА СО ЗАГАДУВАЊЕТО Е АЛАРМАНТНА

Поради загаден воздух секоја година во земјава умираат повеќе од илјада лица, за една третина се зголемиле заболувањата на белодробниот и кардиоваскуларниот систем, а аерозагадувањето не ги штеди ниту другите органи. Ова го соопшти професорот Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје и национален координатор за областа здравје и животна средина. Тој вели дека живееме во еден тип на еко психоза или токсичен период…

7 декември 2015

[СТАВ] НИКОЈ ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ЗНАЕ ТОЧНО КОЛКУ Е ЗАГАДЕН ВОЗДУХОТ

3 декември 2015

ЗАГАДУВАЊЕТО КАКО ИНСПИРАЦИЈА – СО УМЕТНИЧКИ АКЦИИ ПРОТИВ ОТРОВНИОТ ВОЗДУХ

„Малку по малку, како што поминува времето, воздухот почнавме да го гледаме, доби мирис, и ако не се преземе нешто за тоа да се среди, ќе добие и вкус. Преку ден загадувањето не се чувствува толку, но навечер Тетово се претвора во Silent Hill. По тетовските улици кога ќе се стемни владее мртвило, луѓето одбегнуваат да бидат надвор и да се движат наоколу бидејќи загадувањето е неподносливо“, раскажуваЕнис Шкријељ од „Говеда“ за секојдневието во најзагадениот град во Македонија.

2 декември 2015

АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО ЦРВЕНА ЗОНА – СИНОЌА НАЈОПАСНО ВО БИТОЛА

Македонски граѓани синоќа дишеа воздух кој беше десетпати позагаден од максимално дозволеното количество на ПМ1о честички. Рекордот синоќа го држеше Битола со аерозагадување од 919 микрограми ПМ10 честички на метар кубен или 18 пати над максимално дозволеното…

1 декември2015

[КОЛУМНА] ТРЕБААТ ЕНЕРГИЧНИ МЕРКИ ЗА ДА НЕ ДИШЕМЕ НА „ЖАБРИ“

29 ноември 2015

[ФОТО] ПРОДОЛЖУВААТ ПРОТЕСТНИТЕ СОБИРИ ПРОТИВ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ВО АЕРОДРОМ

28 ноември 2015

ПРОБЛЕМИТЕ СО ЗАГАДУВАЊЕТО ВО БИТОЛА СТАВЕНИ НА „ЅИДОТ НА СРАМОТ“

25 ноември 2015

ШТО МОЖЕ СВЕТОТ ДА НАУЧИ ОД „НАЈЗЕЛЕНИОТ ГРАД ВО ЕВРОПА“?

Во 1991 година, градот Вексјо (Växjö)  кој се наоѓа на југот на Шведска, стана прв град во светот каде беше решено дека нема повеќе да се користат фосилни горива. Колкав напредок е направен оттогаш и може ли овој град да послужи како пример за други, поголеми градови?

23 ноември 2015

КРИТИЧНА МАСА #43: ЗДРАВ ТРАНСПОРТ ЗА ЗДРАВИ ГРАДОВИ

Овој пат, критичната маса ќе ја посветат на здравиот транспорт, поттикнати од огромното загадување од различни извори…

22 ноември 2015 ,  [ФОТО] НОВ ПРОТЕСТЕН СОБИР ПРОТИВ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ВО АЕРОДРОМ

20 ноември 2015

ДЕБАТА: ГРАЃАНИТЕ БЕЗ ВОЗДУХ, КОНКРЕТНИ МЕРКИ НЕМА

…Цветанка Икономова Мартиновска од Град Скопје рече дека за проблемот со воздухот што го имаат граѓаните во Лисиче, на пример, самите се виновни, бидејќи палат гуми и други материјали што ја загадуваат околината. Од општина Центар зборуваше Цена Виденовска која ги посоветува граѓаните да си засадат повеќе цвеќиња во своите домови, за да имаат почист воздух…

[СТАВ] ОВА МОРА ДА ПРЕСТАНЕ!

„Ако некој ви каже дека 200 илјади луѓе секој ден вдишуваат смртоносен воздух и не преземаат ништо околу тоа, првото што би го помислиле сигурно е „Што не е во ред со овие луѓе?“. Ете ние сме тие луѓе. Жителите на Тетово и околината – светскиот шампион во загаденост на воздухот“. Колумна на Даниел Евросимовски.

ВО ТЕТОВО ИЗМЕРЕНИ НАД 900 МИКРОГРАМИ ПМ10 ЧЕСТИЧКИ НА МЕТАР КУБЕН ВОЗДУХ

ДИСКУСИЈА: ГРАЃАНСКИ БУНТ ЗА ВОЗДУХ:

19 ноември 2015

[ИНФОГРАФИК] KОЛКУ Е СМРТОНОСЕН И КАКО ДА СЕ ПРОЧИСТИ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

Загадувањето на воздухот претставува сериозна закана за здравјето на луѓето, особено во земјите во развој…

ГРАЃАНСКИ БУНТ ЗА ВОЗДУХ – БОЛНИ ДЕЦА, ЗАКОНИ НА ХАРТИЈА, ТИВКИ ИНСТИТУЦИИ

18 ноември 2015

[ДИСКУСИЈА] ГРАЃАНСКИ БУНТ ЗА ВОЗДУХ

Каков воздух дишат скопјани, кои се последиците од загадувањето, дали граѓаните знаат да се изборат за своето уставно право – да дишат чист воздух?

Ова се дел од прашањата за кои во студиото на Радио МОФ ќе дискутираме со претставници на граѓанските иницијативи „Ќе дишеме или ќе издишеме“, „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“ и „Стоп за смрдеата во Аеродром и Лисиче“…

15 ноември 2015

[ГАЛЕРИЈА] ПРОТЕСТЕН СОБИР ЗА ВОЗДУХ ВО АЕРОДРОМ

„Накај 10 часот (навечер), толку е загадено што и самиот воздух како да пржи кога го вдишуваш. На терасите останува еден слој од пепел. Кашламе, загадувањето предизвикува респираторни проблеми“…

14 ноември 2015

ЗАГАДУВАЊЕ: ПО ЦЕНТАР И ТЕТОВО, КАЛЦИУМ МАГНЕЗИУМ АЦЕТАТ И НА УЛИЦИ ВО АЕРОДРОМ

Со нанесување калциум магнезиум ацетат на крстосницата меѓу булеварите „Србија“ и „Трета македонска бригада“ , денеска започна третирањето на сообраќајниците во Општина Аеродром со средството што треба да помогне за намалување на загадувањето на воздухот.

13 ноември 2015

„САКАМЕ ДА ДИШЕМЕ!“ – ПРОТЕСТЕН СОБИР ПРЕД ОПШТИНА АЕРОДРОМ ВО НЕДЕЛА

„Во рамки на иницијативата за подобрување на условите за живот во општина Аеродром, ние граѓаните од оваа општина секоја недела сакаме самоиницијативно да се собираме пред општината и да бараме конкретни и сериозни мерки за намалување на загадувањето на воздухот“, посочуваат од иницијативата за почист воздух.

12 ноември 2015

Кои се последиците по здравјето од загадениот воздух?

11 ноември 2015


[СТАВ] РАМАДАН РАМАДАНИ: ЗАСЛУЖУВАМЕ ЧИСТ ВОЗДУХ

Едноставно, со реченицата: „излези земи чист воздух“,веќе во Македонија не отеруваш некој од себе туку и од целата земја, зошто вдишувањето тука веќе стана невозможна мисија. Заслужуваме живот. Заслужуваме воздух. Заслужуваме мајки и деца. Заслужуваме подобро!

9 ноември 2015

ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ ТРУЕ ГРАЃАНИТЕ

И викендов концентрациите на прашина во воздухот во Скопје и Тетово беа далеку над дозволените граници. Загадувањето со ПМ10 честички останува проблем и во градовите како Кавадарци, Битола и Струга…

ОН: РЕКОРДНО НИВО НА ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД И МЕТАН ВО СВЕТОТ

Нивото на јаглерод диоксидот и метанот, двата најштетни гасови што го предизвиикуваат ефектот на стаклена градина, минатата година достигнале рекордни размери, соопшти денеска Светската метеоролошка организација на Обединетите Нации.

6 ноември 2015

ЦРВЕН АЛАРМ ЗА ВОЗДУХОТ, ЕНОРМНО ЗАГАДУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ, ТЕТОВО, БИТОЛА И КАВАДАРЦИ

Воздух со десетпати поголемо загадување од ПМ10 честички дишеа ноќеска скопјани. Алармантно беше нивото на загадување и во Тетово, Битола и Кавадарци.

„Ова не е нормално, надвор не се дише,“„ Ужас“, „Ќе испоумреме“, коментираат скопјани на социјалните мрежи. Во главниот град најлоша е состојбата во Лисиче, каде мерната станица покажува дека во текот на оваа седмица, секоја ноќ загадувањето на воздухот со ПМ10 честици е поголемо од претходната…

//