ОН: Рекордно ниво на јаглерод диоксид и метан во светот

Нивото на јаглерод диоксидот и метанот, двата најштетини гасови што го предизвиикуваат ефектот на стаклена градина, минатата година достигнале рекордни размери, соопшти денеска Светската метеоролошка организација на Обединетите Нации.

Ова придонело за зголемување на глобалното затоплување и ја прави планетата опасна за идните генерации, вели генералниот секретар на организацијата Мајк Џерод.

„Секоја година велиме дека времето проаѓа. Мора веднаш да реагираме за да го спречиме ефектот на стаклена градина, ако сакаме да ги задржиме температурите на одржливи нивоа“.

Нивото на јаглерод диоксид е променливо во текот на целата година, покажуваат податоците на Светската метеоролошка организација. Во март, оваа година ја надмина највисоката граница од 400 ппм, а се проценува дека во 2016 година оваа бројка би можела да се зголеми.
Користењето на бензините, нафтата и гасот за производство на енергија, придонело новото на јаглерод диоксид во светот сега да биде за 143 проценти поголемо од периодот пред индустриската револуција. Научниците тврдат дека тој е главната причина за глобалното затоплување.
Нивото на метанот исто така достигна нов рекорд од 1.833 честици во милијарда, во 2014 година. Емисијата на метанот во 40 проценти од случаите доаѓа од природни извори, а во 60 од човечките активности, како што се сточарството, производството на ориз и вадење на фосилно гориво.
Повеќе од 150 држави, во кои има големи количества на овие штетни гасови, како Кина и САД, имаат стратегии за намалување на нивните емисии до 2020 година. Сепак, податоците велат дека целите нема да бидат задоволени до одредениот рок.