[Фото] Исечени дрвјата пред УКИМ поради новите барокни факултети

Рано утринава работници ги исекоа дрвјата во паркот во дворот на Универзитетот „Свети Кирил и Метој“, на местото каде е предвидено да се градат барокни згради за два факултети. Како што објавија од Студентскиот пленум, дрвјата се исечени околу 2:30 по полноќ.

„Ни го напаѓаат академскиот дом, ни ја рушат автономијата. Ако ова барем малку ве засега, дојдете во 12 часот на Плато“, порачаа од пленумот кои пред платото на УКИМ одржуваат тридневен „Ад хок фестивал“.