[Дискусија] Граѓански бунт за воздух

Каков воздух дишат скопјани, кои се последиците од загадувањето, дали граѓаните знаат да се изборат за своето уставно право – да дишат чист воздух?

Ова се дел од прашањата за кои во студиото на Радио МОФ ќе дискутираме со претставници на граѓанските иницијативи „Ќе дишеме или ќе издишеме“, „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“ и „Стоп за смрдеата во Аеродром и Лисиче“.  Тие во прво лице ќе зборуваат за своите проблеми, за потребата од информирање на граѓаните, но и за досегашните искуства на иницијативите во соработката со надлежните институции.

Дискусијата е насловена „Граѓански бунт за воздух“, а ќе се емитува утре (18 ноември) во живо во 17:30 часот, при што покрај аудио, ќе биде обезбеден и видео пренос на YouTube каналот на Радио МОФ.

Разговорот ќе го води новинарката Јасмина Јакимова.

Сите новости поврзани со загадувањето на воздухот може да ги следите и на хаштагот #НеСеДише.