[Галерија] Масовен протест во Тетово поради презагадениот воздух

Голем број граѓани и ученици излегоа на протест против загадувањето во Тетово. Тие се собраа на плоштадот и продолжија со блокади на неколку локации во градот.

Тетово е најзагадениот град во земјава со ПМ10 честички во воздухот, но и еден од најзагадените во светот. Општинскиот совет вчера одлучи да ја прекине наставата во градинките, основните и средните училишта, а настава нема да се одржува до крај на полугодието. Во меѓувреме еколошките движења најавуваат граѓански протести во знак на револт за катастрофалната еколошка состојба.

Погледнете ја галеријата од масовниот протест направена од активистот Дамир Незири.5

4
2

1

8

7

6