Протест во недела: Стоп за загадувањето во Скопје

Под мотото „Стоп за загадувањето во Скопје“ , во недела (20 декември) граѓаните со протест ќе побараат почист воздух во главниот град. Протестот ќе се одржи пред Општина на Град Скопје во Градскиот парк, со почеток во 12 часот.

Настанот го организираат иницијативата на еко-активисти „Skopje Smog Alarm“ и граѓанска иницијатива „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“.