Завршна изложба на младите од проектот „Ова е љубов“ во Тетово

Викендов, млади луѓе од повеќе градови изложуваа свои дела во Националната галерија во Тетово. Делата се резултат на петмесечниот проект насловен „Ова е љубов“, кој заедно со уште пет други, се дел од поголемиот проект „Младите против говорот на омраза“.

Изложбата се состоеше од уметнички и интересни активности на млади од Тетово, Скопје, Велес и Куманово. Организаторите се задоволни од посетеноста и од проектот. Тие велат дека со нетрпение ги очекуваат следните настани за подигање на свеста кај младите.

Изложбата беше поддржана од Институтот „Либерална алтернатива“, а проектот е финансиран од Германската амбасада во Скопје.