Започна пријавувањето за „Прв до врв“, годинава има и виртуелните трки

Започна раното пријавување за деветтото издание на „Прв до врв Водно 2021“, кое годинава ќе се одржи на 16 мај.

Новина е категоријата „Виртуал“, каде учесниците имаат 90-дневен виртуелен предизвик кој му претходи на главниот настан. Сите пријавени учесници имаат можност во периодот од 11 февруари до 12 мај да учествуваат во овие прелиминарни виртуелни трки во кои секој со своите индивидуални активности на дефинираните патеки на Водно, ќе се рангира во табелата со резултати.

Покрај брзината, на рангирањето влијае и бројот на обиди. Победниците во виртуелните трки ќе бидат прогласени заедно со останатите на 16 мај на врвот на Водно.

Традиционално, на програмата се трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и тим-билдинг трката за компании. Останатите содржини, како пикникот и музичката програма ќе бидат дополнително одредени во согласност со здравствените мерки.

Пријавувањето за трките се одвива преку веб страната www.prvdovrv.mk.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.