„За здрав дух“ – Скупи Фестивал од 12-18 октомври во МКЦ

„Упатство за употреба: 7 дена по една до две претстави. Контраиндикации: Предизвикува зголемена продуховеност и вљубеност во театарската уметност. Се издава без рецепта и без лекарска консултација. Одлично делува против сивата реалност“.

На овој начин, под мотото „За здрав дух“, организаторите го најавуваат единаесеттото издание на Меѓународниот Театарски Фестивал „Скупи Фестивал“, кој ќе се одржува од 12 до 18 октомври во МКЦ во Скопје.

Отварањето на фестивалот ќе биде во четврток, 12 октомври, во 19.30 часот, во Сули Ан во Старата скопска чаршија. Оваа година на фестивалот ќе гостуваат претстави од Албанија, Русија, Косово, Израел, Србија, Иран и Бугарија.
Целосната програма и повеќе детали за претставите можете да ги погледнете на следниов ЛИНК.

Програмата на Скупи Фестивал

Билетите можат да се купат преку http://mktickets.mk/ , https://www.karti.com.mk/ и во нивната продажна мрежа.
Скупи Фестивал секоја година нуди поглед кон светските културни текови, преку прикажување на иновативни, храбри и прогресивни претстави, како во театарскиот израз така и во способноста да поттикнат критичко размислување кон општествените и социјалните предизвици.
Настанот е поддржан од Министерство за Култура, Т-мобиле и Град Скопје.