Вратоврски околу косовската влада во протест поради дуплираните плати на функционерите

Група граѓани од Косово заврзале околу 300 вратоврски на оградата околу зградата на владата во Приштина, во протест поради одлуката на премиерот Рамуш Харадинај да ја дуплира својата и платите на останатите владини функционери.

Тој оваа одлука ја правдал со тоа што приходите од 1.300 евра месечно, кои досега ги примал, не биле доволни за да се покријат ниту трошоците за неговата облека, пишува БИРН.

„Морам да купам вратоврска, морам да купам кошула… морам да бидам на ниво на мојата одговорност“, изјавил Харадинај за јавниот сервис на Косово во саботата.

Оваа изјава викендов се проширила меѓу граѓаните на Косово, по што тие почнале саркастично да донираат вратоврски, кошули, пенкала, чорапи и парички за премиерот.

ФОТО: БИРН

Во меѓувреме, Хали Матоши, шефот на кабинет на Харадинај, на демонстрантите им врачил разгледници потпишани од премиерот на кои пишувало „Среќни празници“.