„Волшебен тепих“ за физички пристап до институциите – урбана акција во Тетово

Од вкупно 77 јавни институции во Македонија, 20 немаат овозможено пристап за лицата со посебни потреби до првиот кат, додека пак 64 јавни институции немаат овозможено пристап до вториот кат за лица што се движат со помош на инвалидска количка, посочуваат тетовски активисти кои организираа нова акција.

Тие на еден ден им овозможија пристап на овие лица до јавните институции во Тетово, преку ткн. „волшебен тепих“, бидејќи градењето на инклузивно општество е обврска на секој граѓанин, велат тие.

Активистите потсетуваат дека и лицата со попреченост се граѓани и даночни обврзници, но како што велат, кога доаѓа до пристап за добивање услуги во јавните институции, повеќето од нив, немаат овозможено пристап за лица со посебни потреби.

Акцијата е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.