Во Скопје и Македонска Каменица се снима краткиот игран филм „Северниот пол”

После неколкуте филмски проекти кои се реализираа во отежнати услови со следење на Ковид -19 протоколите за снимање филмови, во вторникот (26 јануари), започна снимањето на краткиот игран филм „Северниот пол” во сценарио и режија на Марија Апчевска, а во продукција на Кино Око.

Главните улоги ги играат Антонија Белезелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски.

Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ, Горан Тодориќ (Сервиа Филм). Снимањето ќе се одвива на локации во Скопје и Македонска Каменица до 31 јануари.

Како што соопштија од Агенцијата за филм, ова е осмиот филм во земјава кој се снима во услови на Ковид 19, под посебни протоколи за заштита од коронавирусот.