Во Прилеп денес се вози Критична маса

Во склоп на Европската недела на мобилност, во Припеп денеска велосипедистите ќе вртат педали на 64-та Критична маса, со почеток од 19 часот.

Оваа година тема e „Пешачи со нас – Сигурно пешачење и возење велосипед”. На тој начин, велат од ПрилепНаТочак, се упатува порака дека со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт, го заштедуваме домашниот буџет, го подобруваме нашето здравје, воедно ја заштитуваме животната средина и го намалуваме загадувањето од транспортот.

„Како информација, минатата година во Европската недела на мобилност со свои активности учествуваа 2.792 града низ цела Европа и светот, а оваа година веќе на стартот на неделата се пријавени 2.823 учесници“, соопштија од ПрилепНаТочак.

Од таму потсетуваат дека во текот на неделата градовите пријавија различни активности од промоција на нови паметни и иновативни сообраќајни решенија, нови технологии или мерки за планирање на урбаниот транспорт со што ќе се намали употребата на автомобили и индиректно ќе се редуцираат емисиите на штетни гасови во воздухот или со едноставно одбележување на Денот без автомобили со затварање на главните улици за сообраќај и организирање на велосипедско дефиле.