Во МКЦ ќе се одржува книжевниот фестивал „Друга приказна“ со тема „На маргините“

Од 5 до 8 септември во МКЦ по четврти пат ќе се одржува книжевниот фестивал за мали фикции „Друга приказна“. Фестивалот е регионален по својата природа, и во четирите фестивалски дена дваесетина значајни имиња од регионот заедно со исто толку домашни, ќе креираат, дискутираат и осознаваат нишајќи се на границите меѓу можното и неможното.

Според тимот на „Друга приказна“, она што е посебно значајно оваа година е одбележувањето на два важни јубилеја: 25-годишнината на списанието за култура Маргина и 10-годишнината од порталот Окно. Тоа е и една од причините насловот на главната тема на фестивалот оваа година да биде „На маргините“.

„Лауреат на четвртата ‘Друга приказна’ е Ненад Величковиќ, писател од Сараево, Босна и Херцеговина. Величковиќ има комплексен и разгранет книжевен опус (неколку негови книги се преведени и на македонски), но има и големо искуство во некои алтернативни образовни книжевни практики кои често се занимаваат и со тоа која книжевност треба да биде ‘канонска’ („национална“, школска), а која да биде ‘на маргините’“, велат од „Друга приказна“.

Со овогодинешната фестивалска тема „На маргините“, целта е да се разговара за маргините како физичка или ментална ситуираност или светоглед. За маргините како политички, географски, стратешки, општествен, културен, егзистенцијален, поетички или книжевен феномен.

„Маргината има за цел да одржува рамнотежа помеѓу субверзивноста и конструктивноста, да ги предизвикува на редефинирање констелациите на моќ. Таа е неопходна за постоењето на центарот и го дефинира, непрестајно ја напаѓа неговата стабилност, без притоа да има намера да го замени“, соопштува тимот на фестивалот.

Во прилот целата фестивалска програма:

ЧЕТВРТОК (5 септември)
19.00. Разговор
25 години Маргина, 10 години Окно; списанија и портали
Учествуваат: Станислава Бараќ, Дејан Илиќ, Анaстас Вангели, Никола Гелевски…

20.30. Изложба: корици на списанието Маргина
Промотор: Владимир Јанчевски

21.00. Свечена вечер
Ненад Величковиќ – добитник на главната награда „Друга приказна“
Водител: Ѓоко Здравески

22.30. Концерт
Волтер Мани Ал Хаким (бенд од Скопје)

ПЕТОК (6 септември)
18.00. Разговори и читања (1)
Учествуваат: Душко Крстевски, Владислав Христов, Иван Димитров..

18.30. Разговори и читања (2)
Учествуваат: Луиза Бухарова, Ана Марија Грбиќ, Дејан Алексиќ, Енес Куртовиќ…

Разговори и читања (3)
„Квир книжевност“
Учествуваат: Војо Шиндолиќ, Сузана Тратник, Андреј Блатник…

21.00. Натпревар со „едноминутни новели“
„ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ“
Водители Ѓоко Здравески и Драган Протиќ
Учествуваат дваесетина писател(к)и од Македонија и регионот.

САБОТА (7 септември)
18.30. Разговори и читања (4)
„Перформанс и книжевност“
Учествуваат: Мања Величковска, Нора Ислами, Тристан Халилај, Драган Протиќ…

19.00. Разговори и читања (5)
„Друга проза“
Учествуваат: Лана Басташиќ, Лејла Каламуиќ, Румена Бужаровска, Саша Ќириќ…

20.00 Кратки филмови
Стефан Сидовски – Сидо (1946-2019)

21.00. Разговор
„На маргините“
Андреј Јованчевски, Станислава Бараќ, Лана Басташиќ, Никола Гелевски, Искра Гешоска, Андреј Блатник…

22.30 Концерт
Ах Ахилеј (бенд од Белград)

НЕДЕЛА (8 септември)
19.00. Разговор
„Соседи – соочување со сегашноста“
Учествуваат: Владимир Јанковски (водител), Искра Гешоска, Ана Недељковиќ, Румена Бужаровска и Денеш Крушовски

20.00. Промоција
Едиција Друга приказна – 30 најкратки македонски раскази
Промотор: Владимир Мартиновски

20.30. Промоција
10 години Окно
Брошура за Окно – Свирачиња и Кома

21.00. Филм и разговор
„Окупираното кино“
Разговор со авторката Сенка Домановиќ

23.00. Журка
Музика избира: Ненад Тонкин