Во Европа има над еден милион електрични автомобили

Повеќе од еден милион електрични автомобили денес секојдневно може да се видат низ улиците на Европа, делумно благодарение на порастот на продажбата во првата половина од 2018 година.

Европа го достигна овој степен побрзо отколку САД, но заостануваат зад Кина, која достигна еден милион продажби на електрични возила во 2017 година.

Сепак, постигнувањето на Европа не е мал подвиг. Европа забележа 195.000 продадени електрични автомобили во текот на првата половина од оваа година, што претставува зголемување за 42 отсто од минатата година. Оваа бројка вклучува електрични автомобили што се продаваат во Европската унија, како и во Исланд, Лихтенштајн, Швајцарија и Норвешка.

Индустрискиот аналитичар „EV-Volumes“ проценува дека продажбата на електрични возила во Европа ќе достигне 1,35 милиони до крајот на годината. Бројката вклучува и целосно електрични возила, како и хибридни plug-in модели кои се префрлаат на конвенционалните мотори откако нивната батерија за кратко растојание исчезнува.

Индустриските лидери се оптимисти за еколошките автомобили, и покрај хибридните кои сочинуваат само 2 отсто од пазарниот удел.

Виктор Ирл, аналитичар на пазарот во „EV-Volumes”, коментира: „бројката од еден милион електрични возила е важна пресвртница на патот кон електрификација и исполнување на целите за емисија, но тоа секако не е доволно”.