[Видео] Рок концерт со 50.000 луѓе во Нов Зеланд каде се регистрирани само 10 случаи на Ковид-19 минатата недела

Повеќе од 50.000 луѓе вчера се собраа на масовен рок концерт во Нов Зеланд, земјата каде повеќе нема ограничување за социјално дистанцирање, откако го „победи“ Ковид-19 со строги мерки, јавува „Њујорк пост“.

Бендот „Six60“ свиреше пред огромен број луѓе ширум земјата, а вчера го означи крајот на турнејата со концерт на најголемиот стадион во Окленд, што претставува најголем концерт во светот од почетокот на пандемијата со коронавирусот.

„Беше неверојатно да се види колку луѓето беа фанатични и возбудени што беа надвор и гледаа музика во живо, како и тоа што гледаа нешто што ќе ги извлече од долгата, брутална година. Беше многу специјално“, изјави гитаристот Џи Фрасер.

Според податоците на веб-страницата „Worldometer“, во последните седум дена, таму се регистрирани само 10 нови случаи на Ковид-19, додека од почетокот на пандемијата починале 26 луѓе.