672 новозаразени и 5 починати од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 5 лица, односно, 2 лица од Тетово на 48 и 66 години, и од Гостивар на 59 и 85 години и едно лице од Виница на 62 години. Регистрирани се 35 оздравени пациенти од Ковид-19.

Истовремено, од МЗ информираат дека во изминатото деноноќие се потврдени 672 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 230 случаи во Скопје, Тетово – 115, Гостивар – 101, Куманово – 43, Кичево – 37, Струмица – 36, Охрид – 20, Струга – 13, Битола и Дебар – по 9, Штип – 8, Кавадарци и Кочани – по 7, Велес и Ресен – по 6, Прилеп – 5, Македонски Брод – 4, Радовиш, Виница и Валандово – по 3, Берово и Пехчево – по 2 и по 1 од Свети Николе, Крива Паланка и Делчево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 160.571 бројката на оздравени пациенти е 150.670, на починати е 5.532, а бројот на активни случаи изнесува 4.369“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.046.042 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 6.770 тестови.