МЗ: 13 починати и 421 новозаразен со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 8 лица. Починале 3 лица од Скопје (86г, 74г, 69г) и по едно лице од Кратово (88г), Велес (75г), Виница (66г), Куманово (64г) и Охрид (61г).

„Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 06.09.2021 до 28.09.2021 година. Регистрирани се 3 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Гевгелија и Битола, на возраст од 67 до 94 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови“, се вели во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа е потврден 421 нов случај на Ковид-19. Регистрирани се 211 во Скопје, Куманово – 32, Штип – 26, Велес – 25, Кавадарци – 19, Кочани – 15, Прилеп – 13, Охрид – 12, Македонска Каменица – 9, Гевгелија – 7, Струмица, Кичево и Крива Паланка – по 6, Свети Николе – 5, Гостивар – 4, Битола, Радовиш, Берово, Виница и Демир Хисар – по 3, Кратово и Богданци – по 2 и по 1 случај во Тетово, Неготино, Ресен, Пробиштип, Валандово и Крушево.

Регистрирани сe 395 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 220,Куманово – 31, Струмица – 20, Охрид и Тетово – по 14, Кочани – 12, Битола – 10, Штип, Велес и Кавадарци – по 9, Кратово – 7, Кичево – 6, Гевгелија и Крива Паланка – по 5, Гостивар и Пробиштип – по 4, Прилеп и Богданци – по 3, Неготино и Пехчево – по 2 и по 1 од Берово, Демир Хисар, Ресен, Валандово, Струга и Македонски Брод.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963бројката на оздравени пациенти е 182.473, на починати е 6.888, а бројот на активни случаи изнесува 6.602“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.333.204 тестирањана Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.900 тестови.