28 новозаразени и 5 починати лица од КОВИД-19 во последното деноноќие

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се регистрирани 28 нови случаи на КОВИД-19 и тоа 16 во Скопје,  9 во Куманово, два во Тетово, а едно новозаразено лице е регистрирано Прилеп.

Оттаму дополнуваат дека пријавени се вкупно пет починати лица – три лица од Скопје на возраст од 61 до 79 години, едно лице од Куманово на 45 години и едно лице од Струга на 72 години, сите починати во болнички услови.

Регистрирани се 23 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, на починати е 5.467, а бројот на активни случаи изнесува 451“, се вели во соопштението на МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на КОВИД-19, а во последните 24 часа се направени 2.619 тестирања.