[Видео] Национални паркови – последни прибежишта на биодиверзитетот

Македонија, прогласила само три национални паркови. Држави со дури и помали територии имаат поголем процент на териорија под заштита од категорија национален парк. Сите три национални паркови во Македонија делат различни системи на организација, различни буџети и проблеми, се вели во најавата за документарниот филм „Национални паркови – последни прибежишта на биодиверзитетот“ на Институтот за комуникациски студии.

„Националните паркови ни се потребни сега, повеќе од било кога во историјата. Потребни ни се како последни прибежишта на многу растителни и животински видови чијшто опстанок е загрозен во останатите деградирани области. Ни требаат и поради нивните ‘екосистемски услуги’, како што се чиста вода и продукција на кислород, но и како место во кое можеме да го изучуваме и истражуваме животот на многу видови, врз кои, за жал, негативно влијаеме“, посочува тимот на ИКС.