[Видео] Двајца активисти маршираат низ Франција и собираат фрлени маски

Британец и Француз маршираат од Марсеј до Париз и собираат илјадници расфрлани маски, пластични шишиња и отпад од храна.

Едмунд Плат и Федерик Мунш ја започнаа оваа акција во градот на југот на Франција на 1-ви октомври и треба да пристигнат во главниот град во сабота, 28 ноември. Тие се движат во близина на железничката линија ТГВ, долга 880 километри.

„Тоа што сакаме да им покажеме на луѓето е малку да забават и да престанат да фрлаат толку ѓубре. Можеби да почнат да пијат вода од чешма, да употребуваат помалку пластика и да шират љубов. Секој пат кога собираме парче отпад се чувствуваме како еднаш да ја гушкаме Планетата“, вели Плат.