[Видео] Дивина: Опасност за рисот

Диме Меловски и Александар Павлов речиси две декади ги истражуваат мавровските планини во склоп на Програмата за заштита на балканскиот рис.

Но последните терени им покажаа дека има нов предатор во дивината кој се храни од пленот на рисот. Станува се поброен и особено им отежннува на рисовите мајки кои мораат да ловат дополнително за своите млади. Овој предатор е човековиот најдобар пријател, кој, напуштен и оставен да се снаоѓа во дивината – развива карактеристики на неговиот предок – волкот.

Погледнете ја првата епизода од серијалот „Дивина“, изработен од тимот на Дома во соработка со Македонското еколошко друштво.