[Видео] Однесено со реката

На Балканот освен бурната историја и минато, ги делиме и природните богатства и реките. Реките нè раздвојуваат, но и нè спојуваат. Тие во себе ја носат нашата неодговорност кон природата и ја споделуваат со државите соседи.

„Со новиот краток еколошки документерен филм ‚Однесено со реката’ ја раскажуваме приказната за три балкански реки, неми сведоци за регионалното загадување“, велат авторите од ДОМА, чија четврта сезона се фокусира на приказни од и за природата.

Автори на документарниот еко-филм се Кирил Арсовски Пржо, Жанета Трајкоска, Ана Алексовска. Водител е Ѓорѓи Нешкоски, режисер Ана Алексовска, камерата е на Иван Поповиќ и Љубомир Домазетов, додека монтажата – Борче Крстевски
ДОМА упатуваат благодарност и до Ивор Фука, Тијана Бајиќ