Велика Британија: три четвртини од жените не возат велосипед

Приближно три четвртини од жените во седум британски градови никогаш не возеле велосипед како превозно средство, иако имаат позитивен став за велосипедизмот, покажува нова анкета.

Повеќе од 7 700 жителки на Белфаст, Бирмингем, Бристол, Кардиф, Единбург, Њукасл и Манчестер беа дел од анкетата.

„Повеќето од нашите градови не успеваат во дизајнирање на патишта и улици за жените да возат точак“, велат од организацијата.

Оттаму велат дека соодветни патишта ќе ги охрабри да возат велосипеди.

Истражувањето покажало дека жените не се чувствуваат сигурно при возење на велосипед. Само 27 отсто од нив мислат дека е безбедно да возат велосипед.

„Треба да има инвестиции во велосипедски патеки, заштитени од моторниот сообраќај, кои ќе ги водат луѓето од местото каде сакат да отидат директно и ефикасно“, вели Верити Лиг од Единбург.

„Отсекогаш возам точак со моите деца уште кога беа бебиња. Тоа е практична работа за нас, тоа е само избор што ги олеснува нашите животи”, смета Керис Фурлонг, која живее во Кардиф.

Извештајот укажува на успехот на Кембриџ – кој го има највисокото ниво на велосипедизам во Велика Британија – и го припишува на ограничувањата на ниска брзина, проширени велосипедски патеки и скап паркинг.

Од организацијата препорачуваат да им се даде приоритет на безбедноста на патот на жените преку заштитени патишта и да се обезбедат програми за обука за да се овозможи повеќе жени да користат велосипеди.

Д-р Рејчел Олдред, професорка по транспорт на Универзитетот во Вестминстер, рече дека жените „премногу често имаат ограничена подвижност”.

„Овозможувањето на жените да возат велоиспед отвораат можности и помага нашето општество да биде повеќе родово еднакво и инклузивно”, вели таа.

Претходно овој месец, истражување на организацијата „Велосипедизам во Велика Британија”, посочи дека најчеста причина зошто луѓето се откажале од велосипедизмот била тоа што морале да возат со големи камиони.