Вечерва се одржува четвртото издание на независниот фестивал „Под земја полесно се дише“

Независниот фестивал „Под земја полесно се дише“ во организација на колективот „Кула“ вечерва ќе го одбележи своето четврто издание.

Како што велат организаторите во Фејсбук настанот, фестивалот ќе ја експлоатира идејата за журка, свирка, изложба, перформанс, филмски проекции и слично.

Со свои дела ќе се претстават шеесетина автори, од земјава и странство.

Фестивалот традиционално се одржува во подземните гаражи кај плочникот зад Соборниот храм, а ќе започне во 19 часот.