Разговор на тема „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност“

Утре (четврток, 16 мај), во 13 часот во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, ќе се одржи разговор на тема „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност“.

Учесници ќе бидат професорките Маја Бојаџиевска, Весна Мојсова-Чепишевска и Елизабета Шелева, како и писателите Владимир Јанковски и Петар Андоновски.

Разговорот ќе го модерира Ѕвездан Георгиевски.

Настанот го организира Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а се одржува во рамките на одбележувањето на јубилејот 25 години од наградата „Роман на годината“.