Изгласани четирите романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“

Романите „Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер) влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“, соопштија организаторите.

Наградата за „Роман на годината“ ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Оттаму посочуваат дека на изборот за роман на годината во 2021 година, пристигнале39 романи.

Жири-комисијата во состав Владимир Јанковски, Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева ќе го соопшти лауреатот на годинашната награда  на 15 март.

Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.