Утре почнува меѓународниот фестивал за класична гитара П.С. Гитар фест

Со гости од Србија и Бразил, меѓународниот фестивал за класична гитара П.С. Гитар фест ќе почне утре (6 ноември), а ќе заврши во петок. Концертите ќе се одржат во Културно информативниот центар, Салон 19:19 со почеток во 20 часот.

На отворањето ќе настапи младиот Бојан Ивановски од Србија којшто досега има освоено повеќе од 20 интернационални награди, а на втората вечер ќе настапи бразилскиот гитарист Даниел Маркез којшто во неговото искуство се вбројуваат бројни соработки со познати бразилски уметници на инструменталната музика со настапи над 40 европски земји.

Фестивалот е во соработка со Друштвото за култура и уметност „Арт Кул“ од Крушево. Влезот за концертите е бесплатен.