„Урбани пагани“ – групна изложба во МКЦ

Во МКЦ вечер (3 септември) од 20 часот ќе биде отворена групната изложба „Урбани пагани“.

Ќе бидат изложени 50 дела изработени во најразлични техники: слики, колажи, цртежи, графики, фотографии и склуптури.

Учесници се Стефани Христов (апликант), Горазд Христов, Игор Љубовчевски – Љубац, Весна Ничевска, Гордана Винчиќ, Дарко Богданов и Смиле Цветановски.

„Идеја за изложбата се роди кога независно еден од друг, неколку уметници се споивме и забележавме дека секој од нас, на својастрана твори на слична тематика. Секој од нас припаѓа на своја генерација, работиме во различни техники но сепак се појави желбада ги обединиме доживувањата, да ги заокружиме во заеднички проект и изложба“, стои меѓу другото во текстот на Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски- Љубац по повод изложбата.

Изложбата ќе биде поставена до 13 септември.