Волонтери ги ризикуваат своите живот за да спасат стотици домашни миленици откако започна руската извазија во Украина.
Индипендент пренесува дека невладината украинска организација „Спас за животните во Украина“, основана на почеток на март годинава, е една од организациите кои ги пренесуваат животните на безбедно во соседните земји.
Досега, организацијата успеала да пренесе 550 животни во засолниште во западна Полска, каде животните чекаат да бидат посвоени.
Животните најчесто доаѓаат од живеалишта за животни ширум Украина, а се пронаоѓаат преку телефонски пријавувања или објави на социјалните мрежи.
И покрај тоа што во фокус се животните, малата организација соработува со поголемата Фондација „Кентаур“ која евакуирала над 3.000 лица, вклучувајќи и украински жители на кои им била потребна итна медицинска помош.
Патрик Вестрап, ко-основачот на организацијата, изјавил дека преку неа исто така се донира и храна за луѓето во Украина.
Неговиот нареден план е да оди во северноисточниот дел на Каркив, каде планира да однесе стотици килограми храна за коњи, откако нивните сопственици го информирале дека повеќе не можат да се грижат за животните.