Руски министерства и агенции хакирани во знак на очигледен анти-воен протест

Неколку руски министерства и други државни ентитети се хакирани во очигледен протест поради руската инвазија на Украина, јавува „Радио Слободна Европа“.

Вчеравечер, на веб-страниците на руската Федерална казнена служба, Министерството за култура, Министерството за енергетика и Државната агенција за статистика се појави слика на која е прикажана личност која запира тенк, со мало украинско знаме во аголот, како група демонстранти кои бегаат од полицаец со пендрек, со мала слика на руско знаме. Помеѓу двете слики имаше еден збор – „Зошто?“.

Еден ден претходно, РСЕ наведува дека биле хакирани руски телевизиски канали и нивната програма била прекината со покривање на војната во Украина од независните радиодифузери „Сегашно време“ и „Дожд ТВ“ кои беа блокирани во Русија од Владата. Твитер акаунти кои се историски поврзани со хактивистичкото движење „Анонимус“, тврдеа дека стојат зад сајбер нападот на 7 март.

Минатата недела, исто така тие соопштија дека хакирале неколку руски медиуми, вклучително и државната новинска агенција „ТАСС“, „Комерсант“, „Известија“, „Фонтанка“, „Форбс“ и „РБК“.