Угриновски пак е претседател на Планинарска федерација, дел планинари реагираат на реизборот

Јовица Угриновски доби трет мандат на чело на Федерацијата на планинарски спортови. На денешното собрание 24 претставници на планинарски здруженија гласале за да остане претседател на федерацијата, двајца биле против, а шестмина биле воздржани. Тој беше и единствениот кандидат. Другите двајца кандидати кои биле предложени од планинарските друштва сами се повлекле, објави Телма.

Планинарката Југослава Дуковска која гласаше против, вели дека третиот мандат на Угриновски е спротивен на статутот на федерацијата, според кој еден ист претседател не може да биде избран повеќе од два последователни мандата. Но зошто не се согласува со негoвиот реизбор е моралната одговорност поради смртта на младите планинари Калина и Александар на Кајмакчалан во февруари годинава.

Членот на претседатлеството Љубомир Котевски пак уште пред почетокот на собранаието рече дека Угриновски ја држи федерацијата на прав пати ги има заслугите за добрите резултати. За лошите, како трагедијата кај Кајмакчалан не гледа вина ниту кај претседателот ниту кај федераицијата. Тврди дека бројните органзациски пропусти не влијаеле на трагедијата.