Училиштата од Нов Зеланд ќе ги учат децата за климатска криза, активизам и „еко-анксиозност“

Секое училиште во Нов Зеланд од годинава ќе има пристап до материјали за климатска криза напишани од водечки научни агенции од земјата, вклучувајќи и алатки за учениците да како да го планираат својот активизам и да се сочувствуваат со „еко-анксиозноста“ околу глобалното затоплување, пренесува Гардијан.

Наставната програма ќе го постави Нов Зеланд во првите редови на образованието за климатски промени ширум светот, имајќи предвид дека владите во соседната Австралија и во Велика Британија се соочија со критики за недостатокот на кохезивно учење за климатската криза.

Според Владата на Нов Зеланд, новиот курикулум што ќе им се понуди на сите училишта со деца од 11 до 15 години нема да биде задолжителен.

„Една од повратните информации што ги имаме од наставниците низ целата земја, е дека тие навистина имаат потреба од вакво нешто, бидејќи децата веќе дискутираат за климатските промени“, рече Џејмс Шо, министер за климатски промени и ко-лидер на левичарската Зелена партија.

„На социјалните мрежи секојдневно следат разни работи и ниту една од нив не е добра вест, а чувството на немоќ е крајно вознемирувачко“, нагласи тој.

Инаку, стотици илјади ученици и студенти од светот, вклучително и од Нов Зеланд, изминатата 2019 година излегоа од часови на серија климатски штрајкови, кога научниците предупредуваа дека климатските промени се „егзистенцијална закана за цивилизацијата“.

Младите се чувствуваат разочарани и оставени сами на себе од постарите генерации поради недостатокот на активности за климатските прашања. Па, ваквата загриженост предизвика депресија и анксиозност, предупреди група британски психолози во септември.