„Убиениот“ руски новинар Бабченко е жив – настанот бил исцениран за превенирање негова ликвидација

Украина го исценирале убиството на рускиот новинар, дисидент, Аркадиј Бабченко во операција за која нивните служби велат дека требало да превенира руско сценарио за негова ликвидација и апсење на луѓето вмешани во планот.

Бабченко се појави на пресконференција во Киев, само неколку часа откако медиумите пренесоа дека тој бил убиен пред неговиот стан со неколку истрели во грбот.

Шефот на украинската безбедносна служба, Васиљ Гритсак, потврдил дека службата ја лажирала неговата смрт и дека полицијата уапсило едно лице. Украинските безбедносни сили идентификувале украински државјанин на кој, наводно, руската безбедносна служба му платила 30.000 долари да организира и да изврши убиство на Бабченко.

„Сум погребал многу пријатели и колеги и знам колку одвратно е чувството. Се извинувам за тоа што мораше да го доживеете. Но, не постоеше друг начин“, рекол Бабченко.

Бабченко бил познат како жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин и од 2017 година се преселил во Украина плашејќи се за својата безбедност.